Од Обвинителството велат дека е издадена наредба и за обезбедување на снимките од видео надзор со цел идентификација на евентуални сторители.
Осуда за нерпимерното скандирање на поединци на кошаркарскиот натпревар денеска изразија политичките партии од власта и од опозицијата, од Општина Куманово и од раководството на Македонската кошаркарска федерација.
Во Куманово завчера беше пуштена во употреба реконструираната спортска сала со натпревар на националниот кошаркарски тим против тимот на Република Романија. Организатор на настанот беше Македонска кошаркарска федерација, а домаќин Општина Куманово.






