четврток, 5 јуни 2025

ОЈО и Финансиска полиција влегоа во прилепската болница

Јавното обвинителство ја потврди акцијата на Финансиската полиција која од утрово врши претреси на осум локации во Прилеп во акција за откривање на криминал во Општата болница Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

Освен во прилепската болница, претреси се вршат и во неколку приватни домови на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.

„Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази“, информираа од Јавното обвинителство.

Оттаму уште информираа дека засега нема приведени, но по акцијата ќе продолжат дејствијата во предистражна постапка.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на акцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ