Постапувањето се одвива во континуирана координација и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.
Со цел целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од ОЈО ГОКК е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија за размена на информации од значење за постапката, со цел да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, обвинителот презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци за прибирање релевантни докази.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со надлежните институции, продолжува со преземање дејствија за целосно расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана.






