среда, 4 февруари 2026

ОЈО ГОКК поднесе жалба за притворот за газдата на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска информираше дека поднело жалба за определениот куќен притвор на сопственикот на компанијата Пуцко Петрол, осомничен за криминал вреден 167 милиони евра. ОЈО ГОКК и Кривичен вчера се скараа кој го пушти во куќен, наместо во ефективен притвор Јахоски, газдата на Пуцко петрол. На 20 декември 2019 година МКД.мк објави текст за тоа како компанијата РКМ Скопје во Македонија во повеќе наврати увезла цистерни на смеса на мазут со употребено масло од трансформатори од Хрватска, кое претставува опасен отпад. Ова за редакцијата тогаш го потврдија хрватските власти, но не и македонската царина која ни одговори дека „нема основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето“.

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа. Незадоволно од ваквата одлука Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение“, велат од ОЈО ГОКК.

ОЈО ГОКК и Основниот кривичен суд Скопје вчера се скараа кој го пушти во куќен, наместо во ефективен притвор Јахоски, газдата на Пуцко петрол.

„Јавниот обвинител се согласи да се промени предлогот ефективниот притвор да се замени со мерка куќен притвор за сопственикот на Пуцко петрол, Асмир Јахоски“, соопштија вчера од Основниот кривичен суд Скопје во врска со акцијата за набавка на канцероген мазут.

Но, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштија нешто сосема поинаку, односно дека обвинителот барал мерка ефективен притвор, но судијата на претходна постапка определил мерка куќен притвор.

Според неофицијални информации шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази ургирал на јахоски наместо притвор да му биде изречена поблагата мерка куќен притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ