недела, 14 декември 2025

ОЈО ГОКК: Обвинителството не може да ги прислушувало Мицкоски и новинарите

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите. Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките, велат во денешното соопштение од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) откако премиерот Христијан Мицкоски објави дека тој, други политичари и новинари незаконски биле следени од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во периодот од 2019 до 2022 година.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон. Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно, и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани“, информираа од ОЈО ГОКК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ