Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека, според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Во Охридскиот регион минатата недела беа регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.