недела, 7 декември 2025

Охридско Езеро со намалено просечно ниво на водата за ноември

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.21 метри надморска височина или осум сантиметри под месечниот просек.

Објавено на

часот

Сподели

Според последните мерења на водостојот спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на водата во езерото е 11 сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,1 метри надморска височина.

Температурата на водата денеска изнесува 13 степени Целзиусови што е речиси идентично на просекот за ноември (12,9 степени).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ