„Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје почнува да се формира нестабилна облачност“, соопшти ЦУК.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) посочуваат дека денеска беше многу топло и со портокалово ниво за опасност од високи температури. Најавуваат дека во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Попладнево и дебарскиот крај го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер, град и грмежи.






