среда, 16 јули 2025

Охрид СОС: Продолжува да се уништува Старото градско јадро

Во Старото градско јадро на Охрид никнува нова градба, За овој дел од градот важи Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Но, чаршијата е препуштена на стихијата и тука секој прави она што сака, без никаква регулатива, предупредуваат од невладината организација Охрид СОС.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска тука доминираат ресторани и угостителски објекти кои ја окупирале улицата и за минувачите и велосипедистите оставиле само еден тесен премин. И наместо институциите да диктираат што и како може да се гради, сведоци сме изминативе децении дека тука веќе почнаа да се градат високи објекти со нетипичен стил. Не се применува ниту онаа омилена за Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид факсимилна реконструкција.
Кон крајот на чаршијата веќе се гради еден огромен објект, кој според обемот и големината отскокнува од околните објекти. Лани, за да почнат градежни работи на овој дел, службите на Општина Охрид исекоа неколку децениски стебла, а од механизацијата е оштетено и партерното уредување. Но, ништо од тоа не е важно, ако се знае дека институциите на прво место го ставаат интересот на поединците, наместо јавниот интерес.
Објектот е видлив и од страната на паркингот. Додека се предлага градот да формира стручно тело кое ќе комуницира со УНЕСКО, ‘еден Борд кој ќе го сочинуваат архитекти и други професионалци’, неповратно го губиме културното наследство и специфичните градски четврти“, се вели во известувањето на Охрид СОС.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ