недела, 13 јули 2025

Охрид и Струга заедно на точак за велосипедско поврзување на двата крајезерски града

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид денеска ќе се одржи деветата рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда „На точак Охрид и Струга да видам“.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Целта на настанот, како што соопшти организаторот, е актуелизирање на ИПА иницијативата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града, Охрид и Струга и вело конекција Охрид – Свети Стефан, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.

„Овие проектни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани, но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на крајезерскиот регион, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа и ќе бидат причина плус за зголемен број на туристи на ривиерата“, пишува во соопштението.

Стартот е на градското пристаниште во Охрид. Од крстосницата „Распаќе“ на булеварот „Туристичка“, вело трасата, како што е наведено, ќе води по една коловозна лента од автопатот во изградба се до поранешниот ресторан „Коцаре“, каде ќе се вклучат по стариот пат Охрид-Струга, покрај брегот на Охридското Езеро. Кај „Евро“ хотел во Струга предвидена е средба на охридската со струшката вело група, по што ќе продолжат кон Радожда. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ