Транспарентот е напишан и на албански и на македонски јазик, како дел од герила акција на матичната партија ДУИ на поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши кој е осомничен по пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, кој се наоѓа во притвор, а кој според сомнежите ја издал дозволата за работа на дискотеката.
Објавувајќи фотографија од поставениот транспарент претседателот на разгранокот на ДУИ, Артин Спахиу, напиша „Дебар бара правда“, додавајќи дека „Дебар останува печат на секоја национална активност“.
„Дебар е секогаш тука – кога е значајно, кога е во прашање достоинството, нацијата, праведноста. Дебар останува печат на секоја национална активност. Кога Владата насилно ги отстрани транспарентите, надевајќи се дека ќе нè исплаши, Дебар ја прекина тишината и стана да им каже отворено она што го кажуваме секој ден дека ние станавме“, напиша меѓу другото Спахиу на објавата на фејсбук.