понеделник, 15 декември 2025

Огнената стихија стивнува, изгаснати се 24 пожари, уште гори на планината Готен

На територијата на Македонија утрово активни се три пожари, под контрола е еден, а изгаснати се 24, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активен е пожарот на планината Готен и на Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Во Општина Прилеп гори кај селото Бешиште и кон селото Градешница. Помеѓу селата Галиште и Ќесендре, Кавадарци, гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Пожарот кај селото Јунузлија, Општина Карбинци, е ставен под контрола.
Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 24 пожари.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ