вторник, 10 март 2026

Одземени лиценците за одгледување канабис на уште шест фирми

Владата денеска донесе одлука за одземање лиценци на уште шест фирми кои одгледуваат марихуана, истакна владината портпаролка Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Објавено на

часот

Сподели

Митева посочи дека станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на комисијата, којашто е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат.

Со тоа, бројот на фирми што останаа без лиценца за производство на медицински канабис порасна на 12, откако Владата на 24 февруари, им ги одзеде лиценците на шест фирми: „Алфафарм“, „Гринлајф“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“ – по наоди за низа неправилности, од административни и инфраструктурни, до технолошки и кадровски.

Одземањето на лиценците е во рамки на вонредните контроли што ги започна Владата што ќе опфати вкупно 43 правни лица кои се занимаваат со одгледување канабис.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ