Според Алиу, одземени им се лиценците на компаниите: Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабиноидс.
„Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли – несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер ..“, посочи Алиу.
Министерот исто така истакна дека досега се спроведени контроли во 13 правни субјекти, а воедно најави контроли во сите 43 правни субјекти кои одгледуваат канабис за медицински цели.
Поради пропусти и можност за злоупотреби констататирани во постојната законска регулатира, Алиу најави ново законско решение кое ќе биде донесено кога ќе завршат контролите во сите 43 правни субјекти.
„Детектиравме пропусти во законот и ќе имаме ново законско решение кое нема да може да се злоупотреби. Тоа ќе го оставиме на стручните лица, но ќе имаме законско решение кое ќе биде во согласност со ЕУ-директивите и она што недостига на терен“, рече Алиу.






