Димитровска, вчера беше изведена пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, кој одлучувајќи по предлогот на Обвинителство, ѝ определи мерки за претпазливост и забрана за преземање на одредени работни активности.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција вчера информира дека во рамки на предметот „Адитив“ од прибраните докази донесена е наредба за спроведување на истрага за уште три лица – вработен во едно од обвинетите правни лица, кој се товари за злосторничко здружување, злоупотреба на постапка за јавни набавки и перење пари и други приноси од казниво дело, додека едно службено лице вработено во подружница ТЕЦ Неготино и за актуелната претседателка на ДКСК се сомничат за кривичното дело – оддавање службена тајна.
Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата во Собранието беше изгласан на 22 декември 2023 година со 97 гласа „за“, а свечена заклетва членовите дадоа на 8 февруари минатата година.
Татјана Димитровска, која е дипломиран економист беше избрана за претседател на Комисијата. До изборот, таа била вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР).
За претседател и членови на ДКСК, беа пријавени 41 кандидат.
Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство ГОКК им определи мерка притвор и мерки на претпазливост, на тројцата осомничени, со кои беше проширена истрата за „Адитив“.