Одрони на патот Гостивар – Маврово и Тетово – Бањиче
На патниот правец Тетово – Бањиче, пред ресторанот „Лумаре“, падната e голема карпа на коловозот со опасност од дополнителни одрони. За настанот се известени ЈКП Тетово, СВР Тетово и ДЗС, кои преземаат мерки согласно надлежностите. Oдрони има и кај каменолом на патниот правец Гостивар – Маврово. Надлежните служби се известени и најавено е расчистување и обезбедување на сообраќајот, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на
часот





