петок, 12 декември 2025

Одрон на патот Крива Паланка – Деве Баир, сообраќајот во прекин

Од 5:05 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е во прекин поради одрон.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Од 15 ноември почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември до 31 март 2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на км 14+200 (близу село Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот од 7 до 17 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ