Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода.
Апелациониот суд Скопје, попладнево преку соопштение информира дека е уважена жалбата на Обвинителство и се определува мерка притвор.
„Постапувајќи по предметот КСЖ-595/25 оформен против обвинетиот Н.В. од С., по одржана јавна седница на ден 20.06.2025 година ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, против Решението на кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје КСП.бр.339/25 од 23.05.2025 година, и истото го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С., поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело ‘злоупотреба на службената положба и овластување’ од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ, кривично дело ‘злоупотреба на службената положба и овластување’ од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ, кривично дело ‘измама во службата’ од член 355 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело ‘проневера во службата’ од член 354 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ, а поради постоење на причините за мерката притвор определени со одредбата од чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривичната постапка и определи мерка притвор во траење од 30 дена“, информира Апелациониот суд Скопје.
Иста одлука Апелационот суд донесе и за другиот обвинет во истиот случај, односно уважена е жалбата на Обвинителство и се определува мерка притвор и за Нехат Нухи.
„Постапувајќи по предметот КСЖ-594/25 оформен против обвинетиот Н.Н. од С., по одржана јавна седница на ден 20.06.2025 година ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, против Решението на кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје КСП.бр.340/25 од 23.05.2025 година, и истото го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.Н. од С., поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело ‘злоупотреба на службената положба и овластување’ од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ, кривично дело ‘измама во службата’ од член 355 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело ‘проневера во службата’ од член 354 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ в.в. со член 24 од КЗ, а поради постоење на причините за мерката притвор определени со одредбата од чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривичната постапка и определи мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението од Апелација.