петок, 23 мај 2025

Одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија, поради „чисто административни причини“

На дневниот ред на утрешното заседание на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) не се наоѓа гласањето по извештајот за земјава за 2023 и 2024 година на известувачот Томас Вајц, како што беше претходно предвидено. Од кабинетот на австрискиот европратеникот Вајц, за МИА изјавија дека до одлагањето дошло поради поклопување на распоредите со другите политички партии.

Објавено на

часот

Сподели

„Европратеникот Вајц сака да организира состаноци што е можно поинклузивно“, информира еден од неговите асистенти.  Според  него, за извештајот на Вајц за земјава Европскиот парламент ќе се изјасни на пленарната седница во јули.

Од прес-службата на ЕП за МИА информираа дека извештајот за земјава не е утрешниот дневен ред на АФЕТ поради „чисто административни причини“. Тоа често се случува во АФЕТ, посочи портпарол на ЕП.

Следниот состанок на АФЕТ е предвиден за 4 и 5 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ