недела, 14 декември 2025

Одложена комисијата за надзор над АНБ, Собранието не кажува зошто

Седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) нема да се одржи. Најавата за одржување на седницата на оваа комисија утрово беше повлечена од официјалната веб страница на Собранието. Оттаму не кажуваат која е причината за откажувањето и информираа дека ќе известат дополнително. На дневен ред на комисијата беше разгледување на состојбата во врска со актуелните сомнежи и обвинувања од страна на премиерот Христијан Мицкоски дека во периодот од 2019 до 2024 година незаконски бил следен тој, други политичари, но и бизнисмени и новинари.

 

Објавено на

часот

Сподели

Ова следи откако пратеникот Љупчо Пренџов како член на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР  јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од Eвропскиот фронт да закаже итна седница, по што тој рече дека додека е претседател и дискриминиран нема да свика таков состанок.

„Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани“, изјави Пренџов.

И покрај ова, претседателот на комисијата Скендер Реџепи Зејд одби да ја закаже седницата затоа што тој сѐ уште нема добиено безбедносен сртификат за пристап до класифицирани информации.

„Која би била логиката, председателот на комисијата да не може да присуствува на еден таков состанок или таков претрес во службите. Пред една година имам поднесено барање за безбедносен сертификат. Сметам дека тоа е дискриминација“, изјави Реџепи.

Поради ова, седницата ја свика претседателот на Собранието, Африм Гаши, а со неа требаше да претседава пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ