„Согалсно законскиот текст по кој јас работам член 2 вели дека ЈО е единствен и самостоен државен орган. Член 7 став 2 од Законот за јавно обвинителствто, вели дека обвинителите обезбедуваат еднаквост пред законот независно од раса, пол, род, припадност на маргинализирана група… никој не може да влијае врз вршењето на финкцијата на обвинителството. Не знам со кој закон располага обвинителот, но ги става во нерамноправна положба обвинетите во овој предмет со оние за кои постапка води ОЈО ГОКК. Ова заедно со, за нас непознатата методологија на носење на обвинителски проценки, сериозно ја загрозува еднаковста на обвинетите и на одбраната и на судот во оваа постапка. Се обидова да најдам дали постои дуализам, односно две категории на граѓани, едни со повластен третман од Обвинителството, а други обични граѓани. Го побарав тоа во Уставот, а таму пишува дека сите сме еднакви пред законот. Ова е КЗ со кој јас располагам, ова е ЗКП со кои јас располагам, но не ми е јасно по кои закони работи Обвинителството“, истакна адвокатот Шилегов.
Обвинителката Маја Колевска истакна дека нема да се произнесе по однос на наводите кои ги истакна бранителот.
Судијката Дијана Груевска Илиевска го одби барањето, со образложание дека Обвинителството есамостоен орган и Судот нема ингеренции да му наложи како ќе постапи и дали ќе се консолидира со ОЈО ГОКК, а особено што Судот секогаш мора да постапува по поднесеното Обвинение, а и немаме увид во другото обвинение, но и да го има не можеме да вршиме спогодба.
Судењето продолжува со сослушување на сведоци.
К.Д.






