вторник, 16 декември 2025

Одбележување во Русиново на 118-годишнината од погибелта на македонскиот револуционер Даме Груев

Во чест на македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија, Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година го загуби својот живот во борбата за слободна Македонија, на планината Петлец во близина на Русиново, денеска се одбележува 118-годишнината од неговата погибел.

Објавено на

часот

Сподели

На маршот учествува и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во чест на војводата, на селските гробишта најпрвин беше одржана панихида, а потоа положено цвеќе пред неговиот споменик, по што присутните се упатија кон месноста Петлец, местото на загинувањето на војводата Груев.

Организатор на настанот е Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Берово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ