По тој повод свое обраќање ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски и командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч.
На настанот е најавено и присуство и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министри во владата, претставници од воено–дипломатскиот кор во земјава и други гости.
По обраќањата ќе следуваат показни вежби на припадниците на Армијата.