понеделник, 9 март 2026

Одбележување 83 години од депоратацијата на 7.144 македонски Евреи

По повод 83 години од депоратацијата на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка, собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе на споменици во Штип, Битола и Скопје, информираат од македонското Собрание.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Собраниска делегација, во чиј состав се Никола Мицевски, Душко Иванов и Благој Бочварски денеска во 11 часот ќе положат цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип.

Утре собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Весна Бендевска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите на холокаустот Камена Менора и на Споменикот на Естреја Овадија-Мара.

Во среда пак, собраниска делегација во чиј состав се Љупчо Пренџов, Дафина Стојаноска и Даниела Николова ќе положат цвеќе на Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во Тутутнски комбинат – Монопол, како и на Споменикот на депортираните Евреи и на паднатите борци во НОБ на Еврејските гробишта – Градски гробишта Бутел. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ