петок, 27 март 2026

Одбележани денот на Генералштабот на АРМ и шестгодишнината од Македонија во НАТО

Припадниците на Генералштабот денеска го одбележаа денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на Македонија во НАТО. На одбележувањето, покрај министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на ГШ, генералмајор Сашко Лафчиски, присуствуваа заменик министерот за одбрана, Адмир Шабани, поранешни началници на Генералштабот, активни и пензионирани генерали, претставници од Министерството за одбрана, како и команданти на првопотчинетите команди и единици на Генералштабот на Армијата.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски во обраќањето пред присутните изрази благодарност до сите сегашни и поранешни припадници на Генералштабот, највисокото стручно тело во Армијата, кое ги носи стратешките одлуки за тоа како ќе изгледа македонската Армија утре, после пет години, после десет години.

„Вашата посветеност, визија, вклучувајќи го и креирањето на плановите за опремување и модернизација на Армијата ни го покажува правецот кој мораме да го поставиме за да имаме силна Армија, способна да ја исполни својата уставна обврска, а тоа е безбедна и сигурна држава“, рекол министерот за одбрана.

„Ќе продолжиме на истиот начин. Ќе продолжиме со истата посветеност, со истата љубов кон татковината заеднички и здружено да ја развиваме македонската Армија“, рече Мисајловски.

„Македонија е кредибилен сојузник во НАТО и како држава покажавме дека кога е потребно, тука сме да застанеме рамо до рамо со сојузниците“, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

По отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кога се одбележува шест години од членството во НАТО, за тоа дали Македонија е кредибилен сојузник и покрај големата цена што ја плати, Мицкоски забележа дека од државата сè уште се бара да плаќа цена кога треба да се интегрираме во меѓународни организации.

„Па, да, Македонија е кредибилен сојузник и тоа го има покажано и докажано многупати во минатото и доправа ќе го покажуваме и докажуваме. Мислам дека како земја покажавме и докажавме дека тогаш кога е потребно, ние сме тука да застанеме рамо до рамо со нашите сојузници во рамките на НАТО и ценам дека сме побезбедни, постабилни. Точно е, да, вие самите кажавте дека, за жал, плативме голема цена како ниедна држава, како ниедна нација и, за жал, сè уште се бара од нас да се плаќа цена кога треба да се интегрираме во меѓународни организации“, рече Мицкоски.

Според него, факт е дека сме можеби малобројни, но сме ислучително значајни, особено за овој дел од Европа, па и од светот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ