„Востанието било кренато против тогашната нововоспоставена српска власт, што ја окупирала Вардарска Македонија, по повлекувањето на турските сили после Првата балканска војна од 1912 година“, истакна Михова.
Притоа се осврна на настаните од тоа време, појаснувајќи дека биле ослободени Неготино и Кавадарци и неколку тиквешки села. Востанието било задушено по седум дена слобода.
Таа, меѓу другото, ги пренесе зборовите на Пане Поп Коцев, ваташанец и учесник од јунските настани во 1913 година.
„За нас Тиквешаните е безразлично кој е окупаторот или завојувачот, ние не трпиме туѓо и во такви случаи, не се плашиме од жртвите што неминовно мораме да ги дадеме“, порачал тој.
Независноста, нагласил тој, за нас Тиквешаните е најскапата народна светост.