Притоа беше одржан и историски час во спомен-собата на Генералштабот на Народноослободителната војска како и посета на спомен-собата од НОБ во село Белчишта.
Како што посочи градоналалникот Зоран Ногачески, во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а Манифестот до македонскиот народ од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност, односно асномска Македонија.
„Како генерација имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки“, објави Ногачески на својот Фејсбук – статус.






