„Во последните часови се ширеа неосновани вести дека Зимзоленд ќе престане со работа. Ова не е точно“, изјавија од управата на паркот.
„И покрај тоа што во последно време имаше инспекциски контроли, целосната и неопходна документација е предадена на надлежните институции. Наша мисија е да создадеме магични моменти, весела атмосфера и радост за сите деца и семејства“, додаваат од паркoт.
Управата на Зимзоленд ги повикува посетителите да продолжат со традицијата на забава и им се заблагодаруваат за довербата и поддршката.
Претходно градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил информираше дека инспектори во координација со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) спровеле акции во Зимзоленд.






