Минималните температури ќе се движат од –3 до 5 степени, а максималните ќе достигнат од 16 до 20 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 16 степени.
Според прогнозите на УХМР, во понеделник во земјава ќе има зголемена облачност, а од вторник следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, над 60 километри на час.






