недела, 5 април 2026

Од воздух се гасне огнот на Серта од штипска страна, на терен се 100 пожарникари

Пожарот на планината Серта, меѓу штипските села Селце и Драгоево во моментов се гаси од воздух, изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Посочи дека станува збор за пожар кој е на непристапен терен и гори шума.

Објавено на

часот

Сподели

„На терен се околу 100 пожарникари, припадници на АРМ, вработени на Национални шуми, доброволци ловџии и жителите на селата. Пожарот не може да се изгесне од земја, бидејќи гори шума“, вели Јорданов.

Овој пожар не е поврзан со огнената стихија во неготинскиот регион на планината Серта, туку е од другата страна на планината во штипскиот дел. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ