Активни се пожарите на Серта, помеѓу селата Драгоево и Селце на територијата на Општина Штип, село Бадилен, Општина Ново Село, селата Дреново и Долно Јаболчиште, Општина Чашка, во Општина Долнени гори кај селата Слепче и Гостиражни, даб, смрека и сува трева гори помеѓу селата Негорци и Кованец, Гевгелија, Горни и Долни Липовиќ, Радовиш, во Битола ниска вегетација гори кај Германски гробишта населба Баир, гори депонија во Делчево и ниска вегетација во Општина Липково.
Пожарите во Македонски Брод, Росоман и Чешиново-Облешево се изгаснати.






