Пожарот на планината Серта се прошири на две општини – Неготино, во атарот на село Калањево и во Конче, селата Горни и Долни Липовиќ. Активни се и пожарите на териториите на општините Чашка, Долнени, Гевгелија, Студеничани, Радовиш, Сопиште, Зелениково, Сарај, Крушево, Брвеница…

Градоначалникот на Општина Битола бара воздушна поддршка за гаснење на пожарот.
Од 10 јули кога избувна, активен е пожарот во околината на село Бадилен, Општина Ново Село. Тука гори дабова и борова шума.

Активен е шумскиот пожар помеѓу селата Негорци и Кованец, Гевгелија, кој гори веќе 4 дена, но е со намален интензитет.






