понеделник, 8 декември 2025

Oд вчерашните 24, пет пожари се активни

Вчера на отворено имаше вкупно 24 пожари, од кои денеска пет се активни, а три се под контрола. Во последното деноноќие изгаснати се 16 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активните пожари се во општините Лозово и Неготино, кај селото Бикирлија, месност Убого, Општина Градск кај Јаношево, Општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница, крак од пожарот кон ЈП „Јасен“ во правец кон месноста Раставувачи за струја (гори борова шума), Општина Кочани, кај селото Главовица, Општина Долнени, кај селото Долгаец и Маргари и во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина помеѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе.
Трите пожари под контрола се во општините Старо Нагоричане, Штип и Македонски Брод, кај селата Латово и Русјанци.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ