Во истражувањето на ИРЛ се вели дека од 2022 година до денес компанијата ЕСМ склучила договори со 11 фирми за набавка на околу 4,6 милиони тони јаглен, за што било договорено нетранспарентно да се потрошат 283 милиони евра. Од една од овие зделки, девет милиони евра завршиле кај бугарска фирма во сопственост на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, бизнисменот Вице Заев. Фирмата на Вице Заев била ангажирана од компанијата „Зобек мининг“, чиј сопственик е македонскиот државјанин Енис Колашинац. Оваа фирма била сопственик и на луксузното возило „ауди“ кое за време на предизборната кампања го возеше Венко Филипче, актуелниот претседател на СДСМ. Колашинац за ИРЛ потврдил дека возилото било земено на лизинг за компанијата, но денес е во лична сопственост на Филипче.
Од увозот на јаглен фирма на Вице Заев во Бугарија инкасирала 9 милиони евра, истражување на ИРЛ
Девет милиони евра завршиле на сметката на бугарска фирма во сопственост на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, бизнисменот Вице Заев. Овие пари биле платени од државната компанија АД ЕСМ како дел од набавките на јаглен во 2022 година за домашните електрани, пишува во истражувањето на ИРЛ под наслов „Од грчкиот јаглен што горел во Македонија, парите ‘исчадиле’ кај Вице Заев во Бугарија“.

Објавено на
часот