недела, 1 февруари 2026

Од утрово, забрана за сообраќај на камиони на патот Маврово – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Како што информираат АМСМ и ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради врнежи од снег од  5:45 часот е воведена на патниот правец Маврово – Дебар. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Гевгелија, 12 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На возачите им се препорачува да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите  каде што има можност од појава на одрони.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Гевгелија, 12 литри на квадратен метар. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека 10 литри воден талог утрово се измерени во Крушево и Битола, 6 во Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка, 4 во Велес и Пожаране, 3 во Ѓуриште, 2 во Скопје – Зајчев Рид, Тополчани, Штип, Радовиш – Пожар и во Тетово и по еден литар количество врнежи на квадретен метар во Охрид, Берово, Виница, Кавадарци, Струмица, Претор и Крива Паланка.

Минусни утрински температури утрово се измерени на Попова Шапка (-4 степени и висина на снежна покривка од 36 сантиметри) и во Берово и Маврови Анови (-1 степен).

Нула степени во Kрушево, 1 степен во Претор, Радовиш – Пожар, Крива Паланка и Охрид, 2 степена во Битола, Тополчани, Пожаране и Ѓуриште, 3 во Прилеп, 4 во Скопје – Зајчев Рид, Виница, Кавардарци, Велес и во Тетово, 5 во Скопје – Петровец, Струмица и Штип и 7 степени измерени во Демир Капија и Гевгелија.

Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар.

-Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени. Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени, соопшти УХМР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ