Утре и во вторник наместа и дневните ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
До четврток утринските температури ќе се движат од -14 дo -2 степени, а дневните ќе бидат во интервал од -1 до 10 Целзиусови степени.






