недела, 11 јануари 2026

Од утре скијање на Попова Шапка

Од утре ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија денеска од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег деновиве, имаше доволна снежна покривка за да се подготват скијачките патеки.

Објавено на

часот

Сподели

„Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 8:45 до 15 часот. Билети може да се земат на билетарата на Попова Шапка“, соопшти техничкиот директор Станислав Бојчески.

Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ