вторник, 17 јуни 2025

Од утре посебен режим на сообраќај од Битола кон Охрид

Општина Битола донесе одлука за посебен на режим на сообраќај кој ќе почне утре. Целта е непречана санација на мост на реката Драгор кој се наоѓа на улицата „Довлеџик” која води кон Ресен, Охрид и националниот парк „Пелистер“.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Од секторот за односи со јавност соопштија дека главниот изведувач на проектот санација на мост на реката Драгор на улица „Довлеџик“ утре ќе врши изведување на градежни активности, а сообраќајот ќе се пренасочува по времен премин, девијација, што е изградена во непосредна близина на мостот.

„До завршување на посебниот режим на сообраќај од Битола кон Ресен и обратно, на сообраќајницата ќе бидат поставени и соодветни патокази“, нагласија од Општина Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ