Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде, од понеделник до петок 7 до 21 часот, сабота од 7 до 14 часот. На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно, од понеденик до сабота од 7 до 23 часот.
„Исто така, им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“, велат од Градски паркинг.






