„Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда, соопшти УХМР.
Максималната температура утре ќе достигне 39 Целзиусови степени, во вторник 38, среда 37, во четврток 36 и во петок 34 степени, а в сабота повторно ќе се зголеми на 36 степени. Во четврток и петок понизок ќе биде УВ-индексот и ќе има вредност 7, а во останатите денови од работната седмица ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 8.






