Градоначалникот Митески порача дека граѓаните ја имаат неговата поддршка во борбата за чист воздух и чиста животна средина и наведе дека сѐ што е во негова моќ ќе дејствува за затворање и чистење на депонијата Вардариште како најголем загадувач имајќи предвид дека депонијата е во Гази Баба и дека не е во негова надлежност.

Од протестот на кој беше организирана и прес конференција беше кажано дека се бара решавање на проблемот веднаш, да не се чека завршување на локалните избори. Беше нагласено дека политичарите и надлежните институции мора да соработуваат, а не да си ја префрлуваат одговорноста.
Од Стоп за Вардариште порачаа дека вечерва во 18 часот како и секој ден ќе биде блокирана крстосницата пред мостот Близнак, а потоа ќе се тргне преку мостот кон Маџари и граѓаните кои таму од петокот секоја вечер протестираат со што не само што ќе им се даде поддршка туку, како што беше нагласено, на политичарите ќе им се покаже дека граѓаните се обединуваат за иста цел, затворање на Вардариште и работа на локалните и државни власти за чиста животна средина.
П.Џ.






