Од УХМР посочуваат дека во претпладневните и вечерните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и температурата ќе остане пониска.
Времето денеска облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Dува слаб до умерен, наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималните температури се во интервал од 9 до 13 степени.
Во Скопје преовладува облачно време. Дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.






