Во среда ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а од попладневните часови и во четврток ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер кој наместа ќе надминува 50 km/h. Во петок ветерот ќе го
смени правецот во југоисточен.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните и
источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Времето во Скопје променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.






