недела, 29 март 2026

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток

Во текот на претстојната недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Како што информира УХМР, под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток, а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Утринските температури некаде ќе се спуштат под нулата и ќе изнесуваат -4 степени, а максималните дневни ќе достигнат 18 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 15 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ