понеделник, 14 јули 2025

Од полноќ се намалува цената на горивата за 0,5 денари

Малопродажните цени на бензините еуроосупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Објавено на

часот

Сподели

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,429 ден/кг и сега ќе изнесува 37,862 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ новата цена на еуросупер БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари/литар, еуросупер БС–98 – 76,50 денари/литар, еуродизел БС (Д-Е V) – 65 денари/литар и масло за горење  екстра лесно1 (ЕЛ-1) – 67,50 денари/литар.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и трговците на мало можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ