понеделник, 16 март 2026

Од полноќ пак ќе точиме гориво по нови повисоки цени

Од ноќеска по полноќ граѓаните ќе плаќаат повисоки цени за горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за максималните малопродажни цени.

Објавено на

часот

Сподели

Според одлуката, моторниот бензин еуросупер БС-95 ќе се продава по најмногу 86,5 денари за литар, додека еуросупер БС-98 ќе достигне 88,5 денари. Цената на дизелот ќе изнесува 92 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 89,5 денари. Цената на мазутот, пак, се утврдува на 47,453 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија објаснуваат дека поскапувањето е резултат на растот на цените на нафтените деривати на светските берзи, како и на зајакнувањето на американскиот долар во однос на денарот во изминатите денови.

Бензините и екстра лесното масло поскапуваат за седум денари по литар, додека дизелот ќе биде поскап за 6,5 денари. Мазутот ќе се продава по повисока цена за речиси пет денари по килограм.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ