недела, 14 декември 2025

Oд петок казни ако возиш велосипед или преминуваш раскрсница со мобилен

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите.

 

Објавено на

часот

Сподели

Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. „Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека“, пишува во Законот.

Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите кои ќе поминат на црвено или непрописно ќе паркираат, а кои ќе се ловат со камерите на проектот сејф сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ