недела, 7 декември 2025

Од патарина во првите девет месеци собрани се близу 59 милиони евра

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари или 58,725 милиони евра, информираа од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.

Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

Во септември, прометот од патарини по издадени профактури (ЕТЦ) изнесува 30.870.116, преку веб (онлајн) надополнување 30.888.802 денари. На наплатата преку системот „Отворен Балкан“ во септември отпаѓаат 10.486.530 денари.

Од ЈПДП за МИА велат дека електронската наплата достигнала 35 проценти.

Во подготвителна фаза е најавениот проект за надополнување на МТаг и Мкард и, како што велат од ЈПДП, се очекува во блиска иднина да се отпочне преку правни лица малопродажбата на М-ТАГ уредите низ целата држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ