Според редовниот мониторинг на емисиите, кој се спроведува согласно методологии за мерење на стационарни извори, измерените вредности на цврсти честички за месеците октомври, ноември и декември 2025 година покажуваат конзистентно исклучително ниски вредности, кои се во согласност со одредбите од А-интегрираната еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и релевантната законска легислатива.

На емисионата точка Оџак од филтер постројка, каде граничната вредност за емисија на цврсти честички изнесува 20 mg/m³, измерените вредности во четвртиот квартал беа значително пониски: највисоката е 0,45 mg/m³ во октомври и најниската само 0,03 mg/m³ во декември, што ги поставува емисиите на нивоа десетици пати под дозволената граница.
И на емисионата точка Оџак од пескара, каде што е предвидена гранична вредност од 30 mg/m³, измерените концентрации исто така се на исклучително ниско ниво, највисоката е 0,39 mg/m³ во октомври, 0,27 mg/m³ во ноември и 0,38 mg/m³ во декември. Овие резултати укажуваат на постојана контрола и ефективност на применетите системи за филтрирање, со емисии кои остануваат значително под пропишаните максимални вредности.

Овие податоци ја реафирмираат општествената одговорност и посветеноста на Макстил кон унапредување на животната средина и одржливо работење, преку континуирани инвестиции во модерни технологии, системи за следење на емисиите. Компанијата ќе продолжи активно да ги следи сите релевантни индикатори и да работи во согласност со највисоките еколошки стандарди, сooпшти Макстил.






