Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.
„Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Од вторник времето ќе биде стабилно и топло“, соопшти УХМР.
Во Скопје, утре попладне, а особено во текот на ноќта, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.






